Зошто Кристин Лагард од ММФ ќе заврши на суд?
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард ќе мора да се појави на судење во Франција, затоа што е обвинета за несовесно работење.
Лагард на францускиот бизнисмен, Бернар Тапи му исплатила надомест 404 милиони евра, во времето кога беше министерка за финансии.
Тој решил да ги продаде сите свои акции во компанијата „Адидас-Франс“ и за тоа ја овластил државната банка „Креди-Лионез“. Подоцна ја тужел банката дека го измамила, тврдејќи дека нереално ги проценила неговите акции.
Лагард се сомничи дека му ја исплатила разликата од 404 милиони евра, не чекајќи ја одлуката на судот и разврската од процесот меѓу Тапи и банката.
Меѓународниот монетарен фонд во меѓувреме информира дека одлуката да ѝ се суди на Лагард не ја менува нејзината позиција во ММФ. Се наведува дека таа ја има целосната доверба на сите членови на Извршниот одбор.
Лагард од јануари годинава го почна својот втор мандат како директорка на ММФ. Мандатот трае пет години.
