Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Кина им плаќа на војниците да ја напуштат армијата?

Зошто Кина им плаќа на војниците да ја напуштат армијата?

Кинескиот претседател Си Џинпин плаќа на војници, за да ја напуштат најголемата армија во светот. И да го направат тоа тивко.

Војниците добиваат дарежливи пакети за да се пензионираат порано, коментираат запознаени извори за Bloomberg. Потегот го покажува како суштинското значење на Народната ослободителна армија (НОА) за Комунистичката партија, така и пречките за Си Џинпин во нејзиното реформирање.

Пакетите вклучуваат надоместоци за десетици илјади долари и ветувања кон некои војници да добијат уште исплати во вредност до 80% од нивните плати пред пензија, велат изворите, кои побарале анонимност, бидејќи планот се уште не е објавен јавно.

Пакетите имаат за цел да ја забрзаат иницијативата на Си Џинпин да ослободи 300 илјади лица од вкупно 2,3 милиони војници армија - централен елемент во најголемата реформа на кинеската Народна ослободителна армија од почетокот на Студената војна. Плаќањата го намалуваат и ризикот демобилизираните војници да се кренат незадоволни по улиците, создавајќи нов извор на немири во момент на намалување на економскиот раст. Властите веќе наредија државните претпријатија да вработуваат поранешни војници делумно, за да се обезбеди „социјална хармонија и стабилност“.

- Војниците имаат голема сила, штом се обединат да направат нешто заедно, а тоа лесно може да доведе до проблеми со социјалната стабилност, вели ква- Ган, пензиониран полковник на Генералштабот на армијата. „Војниците се помалку приспособени кон општеството, бидејќи може да ги немаат вештините кои пазарот на труд и не се запознаени со културата на работното место. Затоа тие имаат потреба од повеќе поддршка од владата“.

Ублажувањето на ударот од намалувањето на работните места се јавува и како клучна загриженост, додека партијата го пренесува економскиот фокус од инвестиции и производство кон иновации и услуги. Потегот се заканува да ги влоши работничките протести во позадина на забавувањето на растот на Кина, откако активистиката група „China Labor Bulletin“ забележа раст од 19% на протестни дејствија од вработени во последната година.

Колку точно ќе чинат плаќањата кон војниците и колкав дел од 300 илјадите демобилизирани војници ќе имаат корист од нив, сеуште не е јасно.

Според воениот план, секој висок полковник кој ќе се согласи сам да си најде работа, може да добие еднократна исплата од околу 1 милион јуани (150 илјади долари) плус 80% од платата, тврдат запознаени извори.

Великодушноста на плаќањата го нагласува специјалниот статус на Народната ослободителна армија, која го гарантира владеењето на партијата од основањето на земјата, уништувајќи ги продемократските протести на плоштадот Тиенанман во 1989 година. Овие врски ги прават демонстрациите или незадоволството кај поранешни војници особено чувствителна тема за владата, а слични проблеми ретко се дискутира во општеството.


Слично

Поврзани вести