Зошто Јужна Осетија се откажа од референдумот за приклучување кон Русија?
Јужна Осетија се откажа од референдумот за приклучување кон Русија.
Новите власти во грузискиот проруски сепаратистички регион Јужна Осетија објавија дека одбиваат да одржат референдум. Во декретот, новиот лидер Алан Гаглоев ја спомна „неизвесноста околу правните последици“ од овој потег што го најави неговиот претходник, Анатолиј Бабилов. Референдумот требаше да се одржи на 17 јули. Гаглоев укажува и на „недозволивоста на еднострана одлука преку референдум да се решава за прашања кои ги засегаат законските права и интереси на Руската Федерација“, пренесе АФП. Властите во Грузија кажаа дека за нив е неприфатливо територија од нивната земја да се спои со Русија и дека тие нема да го признаат референдумот.
Слично
