Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Јункер вели дека не сака да се вратат војните на Балканот?

Зошто Јункер вели дека не сака да се вратат војните на Балканот?

За да се избегнат војни претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, ја повика Европската унија да ја зајакне европската перспектива на Западен Балкан. 

Јункер за време на дебатата во Европскиот парламент изјави дека заканата од повторување на трагичните настани од 1990-тите во регионот, може да се избегне само со целосна интеграција на Балканот во ЕУ. 

„Во 2003 година решивме да им дадеме веродостојни европски перспективи на земјите од Западен Балкан. Знам дека има пoтешкотии. Јас не сум наивен, знам дека е темата е тешка, знам дека државите од Западен Балкан мора да вложат напори и да покажат напредок во одредени области. Но, ако не ја отвориме европската перспектива кон овие земји на овој многу комплициран и трагичен регион,..можат да се вратат војните како во 90-те. Јас не сакам војната да се врати на Балканот“- изјави Јункер. 

Но, според францускиот претседател Емануел Макрон, Европската унија не треба да прифаќа нови членови. Тој нема против нивно зачленување, но смета дека Европската унија мора претходно да се реформира.

„Ќе го поддржам проширувањето на Унијата само кога ќе има продлабочување на интеграцијата и реформите во нашата Европа”,- рече Макрон. 

Тој вели  дека не сака Балканот да се врати кон Русија или од Турција, но не сака ниту Европа, која сега со многу тешкотии функционира со 28 членки, со истите правила да функционира и со 30 или 32 земји-членки. За иднината за Европската унија и Западен Балкан треба да се разговара на 17 мај на Самитот во Софија.

Слично

Поврзани вести