Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Израел и Турција си ги протеруваат амбасадорите?

Зошто Израел и Турција си ги протеруваат амбасадорите?

Турција побарала од израелскиот амбасадор во Анкара да се врати во Израел, „на некое време“. 

Одлуката за враќање на израелскиот амбасадор назад во Израел донесена е откако израелските безбедносни сили убиле повеќе од 60 Палестинци во текот на протестите на границата меѓу Израел и Газа.

Турција, која го критикуваше насилството во Газа и вчерашното отворање на Американската амбвасада во Ерусалим, ги повика на состанок Организациите за исламска соработка, а своите амбасадори од Вашингтон и Тел Авив назад на консултации.

Израел го протера турскиот генерален конзул во Ерусалим, соопшти денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Емануел Нахшон.

Тој инфромира дека турскиот конзул е повикан во Министерството и било побарано од него „да се врати во Турција на одреден период заради консултации“.

Одлуката на Израел уследи откако претходно денеска Турција соопшти дека побарала од израелскиот амбасадор во Анкара, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“,

Турскиот вицепремиер и владин портпарол Бекир Боздаг по вчерашната седница на Владата информира дека амасадорите на Турција во Израел и САД биле повикани да дојдат на консултации во Анкара. Амбасадорот на Турција во Израел, Кемал Јокем попладнево допатува во Анкара.

Израелскиот министер за разузнавање Израел Кац барањето на Турција амбасадорот Наех „времено да ја напушти земјата“ го смета за „лицемерно“.

Слично

Поврзани вести