Зошто избија тензии меѓу Словачка и Чешка?
Тензии има на релација меѓу Чешка и Словачка.
Словачка го зајакна од четвртокот притисокот врз Чешка да ги ублажи пограничните контроли кои веќе со седмици се на сила за справување со зголемениот број мигранти, главно од Сирија, кои одат кон Германија и западна Европа.
Засилените патроли и контроли предизвикаа тензии меѓу двете земји. Словачкиот премиер Едуард Хегер ја оспори примената на контролите според правилата на Европската Унија(ЕУ) и за тоа во четвртокот доцна вечерта разговараше во Прага со чешкиот колега Петер Фиала.
Братислава вели дека со контролите се кршат принципите на безвизната Шенгенска зона на ЕУ, чиј дел се двете држави.
Слично
