Зошто „Исламска држава” убива муслимани?
Терористичката група „Исламска држава" ги засилува криминални активности, а во последно време голем број нејзини напади ги потресоа муслиманските земји, од Турција до Саудиска Арабија.
Зошто жестоките исламски екстремисти ги напаѓаат своите верници? Пред светиот за муслиманите месец Рамазан, „Даеш" најави дека ќе го направи крвав овогодинешниот празник поради тековните борби против неа, особено поради случувањата во Фалуџа, но исто така и поради Сирија и Либија, посочува пред "Спутник" Теодор Каразик, аналитичар по регионални геополитички прашања.
Тој ги оценува како „ефект на распрснување" терористичките напади на „Даеш" во други муслимански земји, вклучително и во Турција, Ирак и Бангладеш. Групата е притисната да ја напушти Сирија, Либија и Ирак и бара нови територии во кои ќе може да се смести. Додека нападот во Багдад може да изгледа како одмазда поради загубата на градот Фалуџа, нападите во Турција и Саудиска Арабија се прилично изненадувачки, бидејќи до неодамна се сметаше дека двете држави ја поддржуваат „Исламска држава".
Според Kaразик, Турција сега ги бере плодовите од недостатокот на јасна официјална политика кон „Даеш" и други екстремистички групи, а и нападот во Истанбул може да е порака до турската влада со цел да се создаде хаос, кој ќе овозможи на групата да ја зајакне својата позиција во земјата.
Нападите во Саудиска Арабија во последните денови на Рамазан пак се порака до саудискиот крал. Тие покажуваат дека „Даеш" успешно навлезе во кралството.
