Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто има тенкови на аеродромот во Москва?

Зошто има тенкови на аеродромот во Москва?

Тенк има на аеродром во Москва. 

Аеродромот Домодедово во Москва купи оклопно возило “BREM-1” и го користи за своите потреби. 

Од управата на овој аеродром  процениле дека ова возило е одлично за решавање на проблемите на авионите кога има многу снег, затоа што може лесно да ги влече авионите ако излизгаат од пистата.

Првобитната намена на оваа воена машина е извлекување на оштетените тенкови од бојното поле, но овде се користи за друга цел. 

“BREM-1” на аеродромот Домодедово се користи за влечење на авиони во случај на потреба од тоа, а ќе се користи и за чистење на снегот од пистите.

Советската војска го користеше ова оклопно возило во 70-тите и 80-тите години од минатиот век за влечење на тенкот Т-72. 

Руската армија и ден денес го користи “BREM-1” кој има различни додатоци за чистење на разни препреки, а има и дигалка која може да подигне до 12 тони.


Слично

Поврзани вести