Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Хонг Конг е најнедостапен пазар на недвижности во светот?

Зошто Хонг Конг е најнедостапен пазар на недвижности во светот?
Хонг Конг е  нај недостапен пазар на недвижности во светот , ова го покажува новиот извештај на Demographia International Housing Affordability Survey , пишува CNBC . Во рејтинг листата за 2014 година на второ место е Ванкувер , Канада , а третата позиција е за Сан Франциско , САД . Топ пет се дополнува од Сиднеј и Мелбурн - водечките австралиски градови . Demographia врши проучување на  360 градови во 9 земји - Австралија , Канада , Хонг Конг , Ирска , Јапонија , Нов Зеланд , Сингапур , Велика Британија и САД . Во годишниот извештај градовите се подредуваат во 4 категории - силно недостапни , сериозно заканувачки , умерено и достапни , покажуваат  методите за проценка на Светската банка и ООН. Просечната цена на куќите во Хонг Конг го надмина 14,9 пати бруто просечниот  годишен приходот на домаќинството - рекордно високо ниво откако се спроведува истражувањето. Многу аналитичари предупредуваат дека на пазарот за недвижнини во Хонгконг се формира балон. Од 2009 година цените скокнаа повеќе од 2 пати заради зголемената побарувачка на купувачите од континентална Кина и рекордно ниските камати на позадината на паричните стимулации во САД . Се поголеми се и стравувањата за пазарите на недвижности во Канада и Австралија , каде рекордно ниските камати и зголемената на побарувачка од Азија исто ги вклучија сигналните светилки. Од 2000 година цените на недвижностите во Канада како целина се зголемиле за 100% . Генерално за земјите најмногу недостапни пазари на имот се Австралија, Нов Зеланд и Хонгконг. На другата страна се Ирска, САД и Јапонија, кои се класификувани како умерено недостапни.   К.К.
Слично

Поврзани вести