Зошто „Гугл мапс“ ја избриша Палестина?
Над 150.000 луѓе потпишале петиција на страницата Change.org откако „Гугл“ на местото на Палестина на „Гугл мапс“ ја ставил Израел.
Потегот на „Гугл“ од 25 јули, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а палестинските новинари го нарекле обид за фалсификување на историјата и географијата.
Со пребарувањето на Палестина на апликацијата „Гугл мапс“, тој пребарувач покажува празна територија во состав на Израел.
Низа коментатори на Твитер покажале дека не се согласуваат со овој потег на „Гугл“.
„„Гугл“, штотуку учествувате во создавањето на лажната историја. Како не ви е срам? Застанавте на страната на една земја“- напишал еден коментатор.
Според „Њујорк тајмс“, сервисот стана де факто начин на кој многумина ги обележуваат границите во светот. За „Гугл мапс“ ќе биде тешко да постигне објективност без разлика како и да се справи со исчезнувањето на Палестина.
Новинарскиот форум од Палестина смета дека скандалозната одлука на Гугл е дел од израелскиот план да го воспостави своето име како легитимна држава за идните генерации и да ја укине Палестина еднаш засекогаш.
