Зошто германскиот претседател не е добредојден во Украина?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сепак нема да го прими германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер.
Тој денеска изјави дека понудил да ја посети Украина со други лидери на членки на ЕУ, но Киев му кажал дека негова посета е „непожелна“.
„Бев подготвен да го направам ова, но очигледно морам да кажам дека тоа не беше желба на Киев“, изјави Штајнмаер.
Тој трпи критики поради неговата долгогодишна неконфронтирачка политика кон Москва. Претседателот претходно овој месец рече дека неговата долгогодишна поддршка за гасоводот Северен тек 2, кој оттогаш е суспендиран, е голема грешка. Тој кажа дека односите со Русија се нешто свето.
Откако почна војната во Украина, повеќе европски лидери и политичари ја посетија Украина.
