Зошто Франција ги затвори конзулатите во Турција?
Франција ги затвори дипломатските мисии во Турција од безбедносни причини:
„Амбасадата на Франција во Анкара, како и генералниот конзулат во Истанбул ќе бидат затворени од средата, 13 јули до следната наредба. Сметаме дека француската заедница во Турција и сите наши гости ќе покажат разбирање " - додаваат француските власти на страната на конзулатите.
Објектите се наоѓаат на ул. „Париз" во Анкара, на ул. „Истиклал" во Истанбул, а мисија има и во Измир. Трите се затворени точно во 13 часот денеска. Причина за оваа мерка се мноштвото извештаи и информации за можни терористички напади.
Генералниот конзул во Истанбул, Мјуриел Доменак објаснува дека има исклучително сериозна закана за безбедноста.
„Принудени сме да ги примениме превентивните мерки и одржуваме постојан контакт со турските власти“ - вели Доменак.
Турските медиуми потсетуваат дека поради слични извештаи и Германија ги затвораше дипломатските мисии.
