Зошто Франција назначи специјален пратеник за Западен Балкан?
Франција го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан.
Министерството за надворешни работи на Франција објави дека го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан. Велат дека тоа е во согласност со зголеменото вклучување на Франција во регионот, во контекст на пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија, јави дописникот на МИА од Белград.
Специјалниот пратеник Троказ ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги, пишува РТК лајв.
Францускиот претседател Емануел Макрон, се залага за Европа во повеќе брзини. Тој од поодамна бара реформи во ЕУ.
foto freepik.com/fabrikasimf
Слично
