Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто ФБИ нуди милион долари за новинар загубен во Сирија?

Зошто ФБИ нуди милион долари за новинар загубен во Сирија?

Федералните власти на САД понудија награда од еден милион долари за какви било докази што ќе помогнат во потрагата на американскиот новинар Остин Тајс, кој исчезна во Сирија пред повеќе од пет години.

Наградата на ФБИ не е поврзана за сторено дело, туку Тајс е најверојатно единствениот американски новинар, кој се уште е во заробеништво во Сирија.

Наградата ќе биде исплатена за „информациите кои директно ќе доведоа до откривање, спасување и враќање жив и здрав” на новинарот. Информациите можат да бидат соопштени преку е-пошта на findaustintice@fbi.gov, преку сајтот tips.fbi.gov или преку американските конзулати во странство, соопшти ФБИ.

Новинарот беше киднапиран недалеку од Дамаск на 14 август 2012, веднаш по неговиот 31 роденден.Репортери без граници ја поздравија одлуката на ФБИ и изразија надеж дека предложената награда ќе ги охрабри луѓето кои можат да обезбедат некои детали за судбината на Остин. 


Слично

Поврзани вести