Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто електромобилите не сакаат студ?

Зошто електромобилите не сакаат студ?
Сопствениците на електромобили во зима се загрижени за километрите кои можат да ги поминат со едно полнење. Веројатно нема човек кој не беше соочен со проблемот на батериите и нивниот однос кон студот. Иако напредокот во технологијата е очигледен, сепак и електричните автомобили не се исклучок . Тие се соочуваат со два главни проблеми: студеното време ја намалува моќта на батеријата , а интензивното користење на греењето дополнително ја троши енергијата. Температури под нулата за многу сопственици на електромобили се повод за жална дека километражата на автомобилите нагло опаѓа. Така на пример , автомобил кој по каталог може да измине 400 километри со едно полнење , на ладно минува само 290 километри пред енергијата во батеријата да биде исцрпена. Во зони со екстремна клима, разликата може да биде уште поголема , што ги присилува потрошувачите да избираат автомобили со поголеми батерии што ја поскапува цената. Таква опција нуди американската компанија Tesla која продава неколку верзии од истиот модел , но со различен капацитет на батеријата. Како и цена, се разбира. Постојат мерки кои возачите можат да ги преземат за да се подобри моќта на батериите. Но со достапните технологии , загубата на енергија во текот на зимата е неизбежна , велат експертите. Инженерите продолжуваат да работат на проблемот,  но нивните проекти ќе бидат завршени по најмалку уште неколку години.  
Слично

Поврзани вести