Зошто е тешко да се најде стан во Германија?
Високите кирии, малиот број социјални станови и ниските примања го погодуваат средниот слој во Германија.
Во многу градови сместувањето за луѓето со просечни примања станува невозможно, а тоа ќе доведе до загрозувањето на социјалниот мир, пишува idemousvijet.com.
Во Германија има 4 милиони социјални станови. Секое петто домаќинство има шанса да добие социјален стан.
Реномираниот институт Pestel наведува дека во Германија има потреба од 5,6 милиони станови, но сега на пазарот ги има само 1.6 милиони.
Ситуацијата се заостри поради големиот број некогашни социјални станови кои се продадени.
Со тоа сместувањето стана нешто со што шпекулираат инвеститорите.
Според Pestel, за Германија е потребен брз и голем план за изградба на социјални станови.
Недостигот на станови е изразен во големите градови и развиените региони.
Друг проблем е што се доселуваат многу странци во Германија.
