Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто дојдовте во мојата земја, Украинка му се обрати на руски војник

Зошто дојдовте во мојата земја, Украинка му се обрати на руски војник

Украинка директно праша руски војник зошто дошле во нејзината земја. 

На Твитер, се гледа како постара жена стои пред руските војници и разговара со нив, пишува Н1.

„Зошто дојдовте во мојата земја?“, го прашала таа војникот.

Имаше и видео кое прикажува постара жена покриена со ќебе како седи на клупа пред нејзината зграда која гори.


Во градот Киев е воведен и полициски час од 22 часот, а власта им порача на граѓаните да се скријат во скривници, но и дека можат да го користат метрото, кое нема да работи.

Русија утрово ја нападна Украина, откако претходно ја призна независноста на Доњецк и Луганск, републики во Украина. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести