Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Чесите имаат „ирационален страв од еврото“?

Зошто Чесите имаат „ирационален страв од еврото“?

Чешка ги следи најавите од ЕУ дека сите членки мора да го воведат еврото, сакале или не. Од земјата праќаат мешани коментари, но се согласни дека еврото не може скоро.

Гувернерот на Централната банка на Чешка Јири Русник вели дека земјата генерално е подготвена да ја усвои заедничката европска валута.

Меѓутоа, мисли дека би било подобро да почека додека локалните плати и цени не се приближат до оние нивоа од клучни членки на еврозоната.

Според Русник, една од причините поради кои земјата е посветена на придружување на еврото е што чешката круна сега „плива“. Централната банка овозможила во арпил својата валута да зајакне спрема еврото најмногу од 2013 година.

Минатата недела рекол дека мисли како Чесите нема да го усвојат еврото во наредните пет до десет години.

И чешкиот претседател вели дека земјата е подготвена за еврото но дека јавноста „ирационално се плаши од тоа“.

Чешки економист кој сакал да остане анонимен вели дека дури иако разликата во плати биде сведена на минимум во однос на некои членки, на нив би им требале барем 15 години да ги надоместат оние кои се во Германија на пример.

Слично

Поврзани вести