Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Чешка нема да прифаќа мигранти од Турција?

Зошто Чешка нема да прифаќа мигранти од Турција?

Чешка нема да прифати во 2016 година ниту еден мигрант, кој во моментов е во Турција, поради ситуацијата во земјата по пропаднатиот обид за државен удар, изјави министерот за внатрешни работи Милан Хованец, цитиран од Франс прес.

„Не знаеме што точно се случило во Турција, дали е државен удар или контра државен удар"- додаде тој.

Според договорот меѓу ЕУ и Турција, Чешка мораше да прифати од октомври 80 Сиријци кои се наоѓаат во моментов во бегалските кампови во Турција.

„Се плашам дека Турција не дејствува во поддршка на луѓето во Сирија, а се обидува да го реши конфликтот со Курдите"- посочи чешкиот министер.

Тој предупреди во овој контекст за опасност од дестабилизација на Турција.

„Ако договорот меѓу ЕУ и Турција пропадне, можеме да очекуваме оваа година слаб имиграциски бран, а следната година - многу поголема, напролет"- прогнозира Хованец.

Заладените односи на Европа со Анкара се влошија уште повеќе по пропаднатиот пуч на 15 јули, кој доведе до бранови од чистки, чии размери ги шокираа Европејците, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе се повлече од договорот со ЕУ.

Слично

Поврзани вести