Зошто бегалците сонуваат за Германија?
Најголемиот дел од бегалците минуваат илјадници километри за да стигнат до Германија. Но, зошто токму оваа земја е најпримамлива земја за луѓето кои бегаат од воените жаришта?
Експертите сметаат дека бегалците на Германија гледаат како на земја со социјална сигурност и дека лесно можат да се интегрираат во општеството.
Ладно море, и барем пет граници на патот до најпосакуваната земја. Од блискиот Исток се чини дека сите брзаат накај Германија.
Минатата година скоро секој четврт бегалец и мигрант кој минуваше низ Србија, сакаше да стигне до Германија, секој седми во Шведска, а секој десетти во Австрија.
Последните податоци пак, покажуваат дека на 80-90 отсто од бегалците главна цел им е да стигнат во Германија.
„Бегалците мислат дека во оваа земја ќе најдат социјална сигурност. Имаат одлична програма за интеграција, процесот за запознавање на средината почнува уште во текот на барањето на азил”- објаснува Никола Ковачевиќ од Белградскиот центар за човекови прва.
Освен тоа, нив ги мотивира и пазарот на трудот, бидејќи во Германија можат лесно да најдат работа, бидејќи државата има недостик на работна сила.
Додека останатие земји кака Унгарија и Аврстија кои креваат огради на границите и не примаат бегалци, Германија планира да прими 2 милиони бегалци.
После Германија, како најпосакувана дестинација доаѓа и Холандија, која на бегалците му дава по 10 илјади евра помош за да го совладаат јазикот и обичаите во земјата.
