Зошто американскиот пазар е скап?
Се поголем е бројот на аналитичарите кои изразуваат загриженост дека државните индекси кои се наоѓаат блиску до рекордните врвови, се преценети.
На ова мислење е и Дејвид Костин од американската инвестициска банка Goldman Sachs . Според Костин, факторите кои го прават пазарот скап и треба да се земат предвид од страна на инвеститорите, се:
На прво место, тековните, финансиски оценки на индексот S & P 500 се високи по многу индикатори . Според многу од пазарните учесници односот цена/предвиден профит може да се зголеми до 17-18 . Многу од нив сметаат дека просечниот сооднос на долг аспект е 15 и затоа порастот на индексот и проширување на соодносот до 17 и 18 им се чини нормално.
Ова сепак не е така . Просечниот сооднос цена/предвиден профит на поширокиот индекс S & P 500 за пет години е 13,2, за 10 години е 14,1 , а за триесет и пет години е 13 . При овој сооднос 15,9 , на пазарот изгледа прилично добро оценет, дури и преценет .
Од 1976 година наваму соодносот цена/предвиден профит на поширокиот индекс ја преминал границата од 17 исклучиво во периодот 1997-2000 година , кога се " надува технолошкиот балон " и за краток период од четири месеци во 2003-2004 година.
Освен во овие два случаи, индексот никогаш не се тргувал при коефициенти над 17.
А.А.
Слично
