Зошто американската полиција упадна во Амбасадата на Венецуела?
Американската полиција упадна во Амбасадата на Венецуела, по што ги уапси последните активисти.
Полицијата ги уапси последните четири активисти кои ја заштитуваа венецуелската амбасада во САД од приврзаниците на венецуелската опозиција, соопшти активистката Медеја Бенјамин.
„Полицијата ги уапси преостанатите четири лица во Амбасадата на Венецуела, кои беа дел од групата за заштита на амбасадата. Ова е целосно нарушување на Виенската конвенција. Срамота!“, напиша Бенјамин на Твитер.
Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро им се заблагодари на американските активисти, изразувајќи „длабоко воодушевување“ поради заштитата на венецуелската амбасада.
Ова е втор упад во Амбасадата на Венецуела. Претходно, припадници на полицијата влегоа во зградата на дипломатската мисија на 14 мај.
Слично
