Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто често се уриваат ирански и кубански авиони?

Зошто  често се уриваат ирански и кубански авиони?

Американското трговско ембарго негативно влијае на авиоиндустријата на секоја земја на која ѝ е наметнато. 

Tука спаѓа и кубанската авиокомпанија „Кубана“, која е премногу сиромашна за да купи нови авиони од Запад, па користи руски авиони стари 39 години. Но, и за нивно одржување едвај одвојува средства, а последица од тоа се авионските несреќи како онаа што се случи пред една недела во која загинаа 112 луѓе.

И Иран е земја која трпи последици поради американското ембарго иако се обиде да го модернизира воздухопловството за време на мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама кој во 2015 година одлучи да ги укине санкциите во замена за запирање на иранската нуклеарна програма.

Сепак, и покрај тоа на западните компании им беше забрането да им продаваат авиони на Иран, па така оваа земја спаѓа во земјите кои користат некои од најстарите авиони во светот.

Иако „Иран ер“ нарача од Америка 200 авиони, дојде до смена во Белата куќа, па на земјата ѝ беа доставени само 11 авиони. Се претпоставува дека додека Доналд Трамп е претседател, авионите нема да бидат доставени.

Слично

Поврзани вести