Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНАМИЊАТА СЕ НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ: Италија им оддаде почит на починатите од коронавирусот

ЗНАМИЊАТА СЕ НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ: Италија им оддаде почит на починатите од коронавирусот

Во Италија знамињата се на половина копје. Им се оддава почит на починатите од коронавирусот. 

Во градовите имаше едноминутно молчење. Во Бергамо и околината, каде лани беше врвот на пандемијата на Ковид-19, починаа 6.000 лица повеќе отколку истиот период претходните пет години. Во знак на сеќавање на жртвите на пандемијата, во Бергамо ќе биде инаугуриран меморијалниот парк.  Лани фотографии од колона воени возила кои превезуваат тела на починатите беа објавени ширум светот. Тогаш на локалните гробишта немало повеќе слободни места за сите починати, по што телата на жртвите ги носеа во други делови на Италија за таму да бидат погребани. Во Италија од коронавирусот починаа најмалку 100.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести