Знамиња на ИСИС се пронајдени на местата каде Хамас изврши масакр?
Веќе неколку дена има воени дејствија во Израел, а израелската војска тврди дека знамиња на ИСИС се пронајдени на местата каде Хамас изврши масакр.
Израелските власти објавија фотографии на кои наводно се прикажани знамињата на ИСИС што ги оставиле милитантите на Хамас. Знамињата велат се оставени по масакрот на израелските цивили, но засега нема независна потврда за тоа.
„Хамас носеше знамиња на ИСИС за масакрирање израелски деца, жени и мажи. Хамас е геноцидна терористичка организација. Хамас е полош од ИСИС“, напишаа израелските одбранбени сили на „Твитер“. Израел често го споредува Хамас со ИСИС, иако тоа не се исти организации.Израел, САД, ЕУ и Велика Британија го прогласија Хамас за терористичка група. Се работи за палестинска исламистичка група, која го контролира Појасот Газа, а нејзината главна цел е да ја искорени израелската држава.
ИСИС е терористичка организација, која извршила злосторства во Сирија, Ирак и во Либија. Изврши терористички напади и во западните држави.
Израелскиот министер за енергетика, Исраел Кац, изјави дека опсадата на Газа нема да заврши додека не се ослободат израелските заложници.