Знамето на „Исламска држава“ во Шведска?
Да го веат знамето на „Исламска држава" не е кривично дело во Шведска, одлучи обвинител во нордиската држава.
Жизел Саовал, обвинител, тврди дека тоа не е кривично дело од омраза бидејќи „Исламска држава" ги мрази сите, а не одредена група.
Одлуката беше донесена минатата недела, кога 23-годишен сириски мигрант го објави знамето на организацијата на профил на Фејсбук. Обвинението кон него беше токму за говор на омраза.
Тие едноставно ги мразат сите - и христијани, и шиити, и јазиди, и хомосексуалци, па и Евреи, објаснува обвинителката.
Кога полицијата го уапсила мажот, тој рекол дека не ги поддржува „Исламска држава", туку дека знамето е широко распространето и се користи од муслиманите.
Знамето е забрането да се користи на јавни места во Холандија и Германија. Во Велика Британија има случаи за уапсени мажи, поради знамето.
