Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знаете ли што Гугл знае за вас? Проверете!

Знаете ли што Гугл знае за вас? Проверете!
Познато е дека интернет пребарувачот Гугл денеска „знае сè“ за нас, нашите интереси и животи. Но што е всушност тоа „сè“? Преку неколку линкови можете да проверите што овој пребарувач знае за вас. 1. Како Гугл ве гледа? Гугл создава ваш основен профил, во која ги има вашиот пол, возраста и интересите што му овозможува да ви сервира соодветни огласи и реклами. Какот тоа изгледа, проверете тука: https://www.google.com/ads/preferences 2. Историја на вашите локации Доколку користите Андроид или мобилен уред постои голема веројатност дека на Гугл му испраќате податоци за вашата локација. Целата историја на вашите локации можете да ја погледнете на следниот линк: https://maps.google.com/locationhistory 3. Историја на вашите пребарувања Гугл ја бележи историјата на сите пребарувања што сте ги направиле, а ја снима и секоја реклама на која сте кликнале. Оваа активност можете да ја проверите тука: https://history.google.com 4. Уреди кои и пристапиле на вашата Гугл сметка Ако сте загрижени дали некој неовластено пристапил до вашата Гугл сметка, тоа лесно можете да го проверите на линкот подолу, кој ви дава комплетен список на сите уреди од кои се логирало на Гугл преку вашата лозинка. Списокот ја содржи и локацијата од каде се пристапувало: https://security.google.com/settings/security/activity 5. Извоз на сите ваши податоци од Гугл Гугл ви овозможува да ги извезете сите ваши податоци - мејлови, контакти, обележани страници, датотеки, јутјуб видеа, фотографии и информации за профилот. Сето тоа можете да го симнете на следниот линк: https://www.google.com/takeout
Слично

Поврзани вести