Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знаете ли кој навистина владее со светот?

Знаете ли кој навистина владее со светот?
Не се работи за теорија на заговор. Влијателни политиколози сметаат дека го имаат одговорот кој навистина ги „влече конците“ за сите важни политички одлуки и ја одредува судбината. Двајца американски политиколози Мартин Гиленс и Бенџамин Пејџ развиле теорија која наскоро ќе биде објавена во магазинот Perspectives on Politics. Имено тие анализирале 1.779 политички одлуки донесени во последните 20 години во најмоќната држава на светот - САД. И го заклучиле следното - економските елити и организираните групи кои ги претставуваат интересите на деловната заедница имаат значително влијание врз американската власт во процесот на донесување одлуки, додека интересните групи чија база е во народните маси и просечните граѓани на процесот влијаат многу малку или воопшто не влијаат. Скептиците веројатно би рекле дека двајцата научници откриле „топла вода“ со тврдењето дека бизнисот го врти светот, но факт е дека ретко кој успеал ова општо вкоренето убедување да го поткрепи и со поопсежна научна анализа. Нивното истражување покажало дека во САД колективните преференции на обичните граѓани имаат занемарливо влијание врз исходот на процесот на политичко одлучување, додека колективните преференции на т.н. економски елити имаат дури 15 пати посилно влијание. Истовремено, било утрвдено дека интересните групи со база во народните маси често се спротивставени во своите ставови, додека интересните групи на економските елити се „на иста бранова должина“ и нивните ставови најчесто се усогласени.  
Слично

Поврзани вести