Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знаете ли кој е најмрзеливиот британски град?

Знаете ли кој е најмрзеливиот британски град?
Манчестер е најмрзеливиот британски град, утврди едно истражување во Британија, пренесува Daily Mail. Резултатите покажуваат дека 40% од локалните жители, месечно, вежбаат помалку од 30 минути. Во рангирањето следат градовите Санду, Салфорд и Брадфорд. Најголемите фанови на фитнесот, пак, живеат во Ричмонд и Вокинг , каде 82% од населението се подложува на физички оптоварувања. Мрзеливиот начин на живот ги загрижува експертите на Островот. Според нив, до 2030 година просечниот Британец ќе троши само 25% енергија повеќе, отколку ако целиот ден лежел во креветот. Во однос на физичката активност, најдобро се претставуваат богатите зони на земјата, вклучувајќи го и Лондон . Истражувањето било спроведено од британската здравствена организација UK Active. Мрзеливиот начин на живот во сиромашните жупании е причината за 17% од смртните случаи во рана возраст. Во побогатите области фитнесот доста се почитува, но дури и таму, 20% од населението не си обезбедува и 30 минути вежби месечно. Секоја година имобилизацијата на населението доведува до финансиски загуби за државата, односно 18 милиони фунти на секои 100 илјади лица.   А.А.
Слично

Поврзани вести