Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знаете ли каде е највисоката минимална плата во светот?

Знаете ли каде е највисоката минимална плата во светот?
На празникот на трудот - 1-ви Мај работниците во еден американски град добија добра вест од локалната власт. Градоначалникот на Сиетл најави план со кој минималната плата во овој град би се подигнала на ниво од 15 долари на час. Доколку планот на градските власти се реализира Сиетл ќе добие највисок надомест за работен час во светот, доколку се исклучи Швајцарија која и натаму го држи врвот. Имено кон крајот на овој месец Швајцарците треба да се изјаснат на референдум за зголемување на минималната цена на трудот на 25 долари на час! Кога ќе се земе предвид куповната моќ, пак, највисока минимална заработувачка исплаќа Луксембург - 13,35 долари на час. Во Сиетл се очекува предложеното зголемување на минималната плата да го потврди градскиот совет. Планот е платите да растат постепено, а нивото од 15 долари за час да го достигнат до 2017 година за компаниите со над 500 работници, а до 2021 година за малите и средните претпријатија. Републиканската опозиција го уништи планот на демократите во американскиот Сенат за зголемување на платите на пошироко државно ниво. Демократите не успеаја да го обезбедат потребниот праг на гласови за предложеното законско решение, со кое минималната заработувачка во целата земја требаше да се зголеми од 7,25 на 10,10 долари на час. Како поддршка за своите ставови републиканците искористија февруарски извештај според кој постепеното зголемување на минималната плата до 10,10 долари на час во 2016 година ќе доведе до загуба на 500.000 работни места и ќе предизвика 900.000 лица во САД да се спуштат под прагот на сиромаштија.
Слично

Поврзани вести