Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНАЕШЕ МНОГУ ТАЈНИ НА ПУТИН: Под сомнителни околности почина руски генерал

ЗНАЕШЕ МНОГУ ТАЈНИ НА ПУТИН: Под сомнителни околности почина руски генерал

Руски генерал кој ги знаел тајните за палатата на рускиот претседател Владимир Путин на Црно Море ненадејно починал во затвор. 

Руски генерал кој ги знаел тајните на „палатата на Владимир Путин“ на Црното Море, ненадејно починал од „леукемија“ во затворот каде лежел поради неколку кривични дела.

69-годишниот Генади Лопирев, кој наскоро требало да добие право да поднесе барање за условно ослободување, се чувствувал многу лошо минатиот понеделник и имал отежнато дишење. Лекарите кои го прегледале откако е префрлен во болница, му соопштиле дека боледува од леукемија, која не била откриена на претходните тестови.

Како што објави Дејли Мејл, рускиот воен суд го осудил генералот на 10 години затвор во 2017 година, откако го прогласил за виновен за поткуп и нелегално поседување муниција, обвиненија кои тој продолжил да ги негира откако завршил процесот со осудителна пресуда.

Лопирев, кој служеше во Федералната служба за безбедност (ФСБ), лично ја надгледувал изградбата на велелепната „палата“ во Геленџик за која нашироко се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Путин и за која се тврди дека е изградена со државни пари. Тој бил одговорен и за официјалната летна резиденција на Путин „Бочаров Ручеи“ во Сочи.

Како што истакнува Дејли Мејл, до неговото апсење и затворање, 69-годишникот беше еден од најдоверливите советници за безбедност на рускиот претседател и беше фотографиран додека ги придружуваше Путин и британскиот премиер Тони Блер во Москва во 2002 година.

Син му Александар вели дека целата приказна е чудна. Два дена откако генералот дознал дека е болен, починал. Вели дека неговиот татко останал многу активен и секојдневно вежбал во казнената колонија каде што ја издржувал казната. 

На теориите за „сомнителните околности“ за смртта на Лопирев, од кои повеќето се однесуваат дека бил отруен, одговори Виктор Боборикин, шеф на локалниот комитет задолжен за окружните затвори.

Инаки, руските медиуми јавуваат за смртта на поранешниот командант на Источниот воен округ и бивши заменик министер за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Генади Жидко.

Од мај до јули 2022 година, Жидко командуваше со група на вооружените сили на Руската Федерација во Украина. Жидко, наводно, починал во Москва по долго боледување. Во 2016 година Житко командуваше со силите на руската армија во Сирија. Две години подоцна, тој стана командант на Источниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација. Од ноември 2021 година до јули 2022 година, Житко беше заменик министер за одбрана – началник на главниот воено-политички оддел на руската армија.

Повеќе руски генерали починаа откако почна војната во Украина, лани на 24 февруари. Исто така и бизнисмени кои беа против војната починаа под сомнителни околности. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести