Економија, финансии, бизнис

Контакт

Злоупотреба на кинеските работници кои работат за „Apple“

Злоупотреба на кинеските работници кои работат за „Apple“

Во извештајот на организацијата за човекови права, направен со тајни инспектори вметнати во фабриките на производителот „Pegatron“, се опишани лошите услови за работење и живеење, како и строгите правила по фабриките кои забрануваат тетоважи, ниски и стари луѓе и одредени етнички групи.

„Pegatron“ вработува околу 70.000 луѓе кои произведуваат и склопуваат делови за сите мобилни уреди на „Apple“, вклучувајќи го и идниот поевтин iPhone.

Извештајот открива куп нерегуларности како тоа дека работниците се регрутирани од агенции кои нелегално им наплаќаат за да ги вработат; работниците работат за по 1,5 долари по час, вкупно работат 66 часа неделно и често една смена е 11 часа долга.

Прекувременото работење не им се плаќа, некои работници мора да склопат по 600 iPad-и во една смена, а голем дел од нив не се истренирани да знаат за опасните хемикалии кои ги користат. China Labor Watch вели дека овие работни услови се нелегални според кинеските закони.

Надвор од фабриките, работниците, кои доаѓаат од поодалечните краеви за да заработат пари што ги праќаат назад на семејството, мора да живеат во соби по домовите кои се во ужасна состојба, да спијат по 12 луѓе во една соба и да користат по пет тушеви наменети за стотици вработени. Бањите се во ужасна состојба без никаква хигиена.

„Аpple“ се огради од обвинувањата, велејќи дека овој извештај е новост за нив, но и вети дека ќе се потруди партнерите да ги следат сите нужни мерки за заштита на работниците и почитување на локалните закони.

Што се однесува до „Pegatron“, директорот Џејсон Ченг изјави дека „се трудиме секој ден во Pegatron да биде подобар од претходниот за работниците. Тие се срце на нашиот бизнис. Затоа и ги сфаќаме овие обвинувања со најголема сериозност“.

Слично

Поврзани вести