ЗЛОТО СЕ ВРАТИ ВО УКРАИНА-ЗЕЛЕНСКИ СО ВАКВА ПОРАКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА: „Украина и нејзините сојузници ќе победат“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска
дека „злото се вратило во Украина“ додека држеше емотивен говор по повод Денот
на победата, во кој Европа го одбележува официјалната капитулација на Германија во Втората
светска војна, пренесува Ројтерс.
Животот за кој се бореа војниците во таа војна заврши на 24 февруари, кога упаднаа руските сили, вели тој во видео порака, пренесува британската агенција.
- Злото се врати. Повторно! Во друга форма, со различни пароли, но намерите се исти, потенцира Зеленски.
Украинскиот претседател изјави и дека „Украина и нејзините сојузници ќе победат“.
„Ниту едно зло не може да избега од одговорност, не може да се сокрие во бункер“, додаде тој, алудирајќи на нацистичкиот водач Адолф Хитлер, кој ги помина последните денови од својот живот во бункер во Берлин каде што се самоуби пред капитулацијата на Германија, наведува Ројтерс.
Во Русија, Денот на победата на 9 мај е еден од најважните национални празници, сеќавање на огромните жртви направени од Советскиот Сојуз во неговата победа над нацистичка Германија.
