Економија, финансии, бизнис

Контакт

Злосторства на РФ во Украина

Злосторства на РФ во Украина

Продолжува анализата на урнатините на трговскиот центар „Амстор“ во Кременчук. На урнатините на трговскиот центар цела ноќ работеа повеќе од илјада луѓе - спасувачи, полицајци, лекари и волонтери. Засега се знае дека загинале 25 лица како резултат на рускиот напад. Уште 21 лице се сметаат за исчезнати. Потрагата продолжува. Во болниците има 24 ранети.

Ноќта русите истрелаа околу 11 ракети кон Миколајив. Некои од нив беа соборени од системи за противвоздушна одбрана. Првично немаше жртви. Уништен е исто така и стадион.

Во Очаково има 3 мртви меѓу кои и 6-годишно дете. Уште 6 се ранети, 3-месечно бебе е во кома.

Окупаторите го гранатираа Индустрискиот кварт на Харкив, 2 лица загинаа, 5 лица се здобија со повреди. Состојбата на жртвите е просечна, 1 лице е хоспитализирано во тешка состојба.

Руската армија денес изврши ракетни напади врз Славјанск. Беше извршен удар врз гаражи, покрај кои има висококатница и приватен сектор. Утрото ракета погоди едно од индустриските претпријатија. Двата случаи поминаа без жртви. Гранатирањето станува се поинтензивно.

Околу 17:30 часот руските окупатори извршија напад со крстосувачки ракети со морско базирање „Калибар“ од Црното Море врз Днипро и областа и истрелаа 6 ракети. Уништена е железничката инфраструктура, индустриско претпријатие и услужна компанија.

Руските окупаторски трупи ја погодија територијата на ТЕЦ Кривиј Риг. Последиците се истражуваат. На автосервис во Днипро, каде денес падна ракетата, оштетени се речиси триесет и пет автомобили, три боксови, неколку еднокатни објекти и хангар. Втората ракета погоди територија на индустриско претпријатие, таму има уништување на згради. Покрај ракетните гранатирања, во текот на денот окупаторите од барелска артилерија ја погодија областа Кривиј Риг. Ги погодија Зеленодолск и Велика Костромка. Еден маж се здобил со рани од шрапнели на ногата.

Во вечерните часови русите истрелаа крстосувачки ракети од типот „Оникс“ врз населеното место Измаил во Одеската област. По утринското уништување, уште пет ракети беа истрелани кон крајбрежјето во текот на денот. Немаше значителни уништувања и жртви токму поради тоа што пристапот до брегот во ова населено место е затворен. 

Здружение на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Слично

Поврзани вести