Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЛОСТОРНИЧКИ СКАНДАЛ ВО САД: Дипломат во американската амбасада во Мексико дрогирал и силувал 23 жени

ЗЛОСТОРНИЧКИ СКАНДАЛ ВО САД: Дипломат во американската амбасада во Мексико дрогирал и силувал 23 жени

Поранешен американски дипломат признал дека дрогирал, сексуално злоупотребувал и фотографирал вкупно 23 жени во текот на 14-те години додека работел во американската амбасада во мексиканската престолнина, објави Министерството за правда на САД. Американското министерство за правда објави дека 45-годишниот Брајан Џефри Рејмонд се изјаснил за виновен за злосторствата.

Му се заканува доживотна казна затвор

-Рејмонд го напушти Мексико откако гола жена врескала и барала помош на 31 мај 2020 година, се вели во соопштението на министерството.

Жртвата вели дека не се сеќава на настанот откако конзумирала храна и пијалок што и ги подготвил Рејмонд.

Инаку, злосторствата започнале во 2006 година. Истрагата откри и стотици фотографии и видеа на повеќе од 20 онесвестени голи и полуголи жени.

-Раката на Рејмонд може да се види на фотографиите и видеата. Тој на неговите жртви, кои се во безсознание, им ги допира очите, устата, градите и задникот. Рејмонд, исто така, може да се види како лежи во кревет со своите жртви, се наведува во соопштението.

Во неговиот комкутер е откриено дека пребарувал на интернет за ефектите од комбинацијата на апчиња за спиење и алкохол.

ФБИ, преку соопштение, им се заблагодари на жените кои се дале информации за понатамошна истрага.


Слично

Поврзани вести