Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЛОСТАВУВАНО БЕБЕ, КАМШИКУВАНО ДЕВОЈЧЕ ВО КАФЕЗ: Татко на седум деца и реалити ѕвезда оди во затвор за детска порнографија

ЗЛОСТАВУВАНО БЕБЕ, КАМШИКУВАНО ДЕВОЈЧЕ ВО КАФЕЗ: Татко на седум деца и реалити ѕвезда оди во затвор за детска порнографија

Поранешен учесник во хит реално шоу во Америка е осуден на 12 години и седум месеци затвор за еден од најлошите случаи поврзани со детска порнографија.

Џош Дугар (34), чие семејство беше во реалното шоу „19 Кids and counting“, беше осуден по две точки од обвинението за поседување детска порнографија. Претходно беше утврдено дека Дугар сексуално ги злоставувал и своите две помали сестри. Тогаш тие беа деца од предучилишна возраст, а тој ги силувал додека едно длабоко религиозно семејство имало часови по Светото писмо. Ги нападнал и сестрите додека спиеле.

Кај него се пронајдени ужасни снимки, вкупно 600. Предупредуваме дека самиот опис на снимките е длабоко вознемирувачки. На една од нив злоставувано е бебето, а на друга, девојче било камшикувано додека било во кафез, врзано со синџири.

„Сликите што ги поседува беа меѓу најлошите што сме ги виделе во оваа судница. Не можам да ги извлечам болните, ужасни сцени од мојата глава“, рече судијата Тимоти Брукс.

Дугар симнувал ужасни слики и снимки на својот лаптоп за време на неговиот престој на работа во продавница за автомобили. Тој имал таен дел од оперативниот систем и меморија на тој лаптоп, до кој се пристапувал со истиот код кој семејството го користела за електронско банкарство и социјалните мрежи.

Дури и 20 години по истекот на казната, на Дугар нема да му биде дозволено да има пристап до ниту едно дете, вклучително и до своите, без надзор. Дугар и неговата сопруга Ана имаат седум деца, на возраст од шест месеци до 12 години.

Како што пишуваат американските медиуми, Дугар не покажал никакви емоции при изрекување на казната.

Реалното шоу „19 kids and counting“ траеше седум години на каналот TLC и го следеше семејството Дугар, баптисти од Арканзас, кои одлучија „Бог одлучува колку деца ќе имаат“. Емисијата беше прекината кога се појавија првите обвинувања против Џош, но дотогаш беше убедливо најпопуларната содржина на тој ТВ канал.

ФОТО: YouTube Print Screen

Слично

Поврзани вести