Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗЛОБНИ ЕВРОПЕЈЦИ, ПАЗЕТЕ СЕ“ - Хезболах со закани до Западот: „Ние сме илјада пати посилни од порано“

„ЗЛОБНИ ЕВРОПЕЈЦИ, ПАЗЕТЕ СЕ“ - Хезболах со закани до Западот: „Ние сме илјада пати посилни од порано“

Израел рано утринава изврши воздушен напад врз две села во јужен Либан, јави либанската телевизија Ал Мајадин. Израелски ракети го погодија Кафр Шуба и околината на Одаисех, се додава.

„Во изминатите неколку часа, ИД (Израелските одбранбени сили) нападнаа цели на Хезболах долж границата со Либан. Тоа беше одговор на нападите во средата. Погодените цели вклучуваат набљудувачка станица свртена кон морето, од која беа истрелани противтенковски ракети кон Рош ХаНикр“, соопшти Израел.

Хезболах ги предупреди своите противници дека е „илјада пати посилен од порано“. Функционерот на Хезболах, Хашем Сафиедин, обраќајќи им се на приврзаниците, ги предупреди американскиот претседател Џо Бајден, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и, како што рече, „злонамерните Европејци“ да бидат внимателни.

- Одговорот на грешката што може да ја направите во врска со нашиот отпор ќе одекне силно. Тоа е затоа што имаме вера и Бог е посилен од вас, од вашите борбени бродови и од целото ваше оружје – рече Сафиједин, пренесуваат медиумите.



Исламистичката организација Хезболах од Либан ги предупреди своите противници дека е „илјада пати помоќна“ од порано.

Ројтерс соопшти дека пораката била испратена вчера додека борците на Хезболах продолжуваат да разменуваат оган со израелските сили на границата со Либан во конфликтот поттикнат од војната меѓу Хамас и Израел.



Британската агенција потсетува дека САД го предупредиле Иран, кој им помага на Хезболах и на палестинската екстремистичка организација Хамас, да не се мешаат во оваа криза и затоа во тој регион се распоредени два американски носачи на авиони.

Фото: Принтскрин/Твитер


Слично

Поврзани вести