Економија, финансии, бизнис

Контакт

Златото е преценето, доаѓа времето на среброто?!

Златото е преценето, доаѓа времето на среброто?!
Иако златото обично е во центарот на вниманието, особено поради силното поевтинување од почетокот на годината и коментарите за прекин на 12 -годишниот тренд на раст, среброто останува релативно засенето и интересот за него е помал. Сепак, анализираат економистите, една од причините за ова е многу поголемата можност за манипулација со берзанската цена од големите институционални инвеститори. Но, ако се заборават овие „теории за заговори ", сепак, среброто е можеби метал кој заслужува многу поголемо внимание во моментов. Од дното во јули до денес поскапува над 20 %, што се смета, според аналитичарите, како знак за промена на трендот. Среброто најлошо котираше во првата половина на годината со пад во цената од 35%  . Според многу експерти секое поевтинување на цената на среброто може да е добра можност за купување на металот . Цената на среброто забележа значајна корекција од највисоките вредности од речиси 25 долари , постигнати во крајот на август , до нивоа од 21.6 долари во моментов . Во основата на поевтинувањето стојат очекувањата за намалување на стимулирањето од страна на ФЕД - факторот кој негативно влијае и врз цената на златото . Намалувањето на изгледите за воени удари против Сирија е вториот фактор кој доведе до поевтинување на белиот метал. Инвеститорите би можеле  да го преферираат среброто пред златото бидејќи тоа може да го смени опаѓачкиот среден тренд, а и односот злато-сребро е исклучително поволен . Среброто , освен како средство за заштита од инфлација и политички превирања и производство на накит (слично на злато ) , широко се користи и во индустријата . За разлика од резервите на злато во светот  оние на среброто намалуваат , што може да придонесе за недостиг во даден момент и до поскапување како последица на шпекулации . За споредба , кај златото овој тренд е спротивен .Златото е околу пет пати поприсутно од среброто врз основа на светските резерви на двата метали
Слично

Поврзани вести