Златото драматично ќе ја губи вредноста и во 2014
Аналитичарите во “Голдман и Сакс“ предвидуваат дека цената на златото и идната година ќе продолжи со трендот на опаѓање. Засега цената на овој благороден метал падна за дури 26 отсто во оваа година, а се очекува да падне уште најмалку 14 проценти за златна прачка во 2014 година.
Со тоа ќе ја достигне и ќе ја надмине ниската цена од почетокот на 2010 година, кога една унца злато вредела 1.057 долари. Рекордната цена на златото беше постигната во септември 2011 година, кога се искачи на 1.920 по унца, или речиси двојно повеќе.
Слично
