ЖИВОТОТ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ ДА БИДЕ МНОГУ ТЕЖОК: Сиднеј ги укинува епидемиолошките мерки, но тие не важат за сите
Според планот за излез од блокадата во најголемиот австралиски град, на невакцинираните лица веќе им се скратени некои активности а кои постепено ќе им се одобруваат на вакцинираните жители од 11 октомври до 1 декември.
Ризик да добијат забрана за разни социјални активности имаат жителите на Сиднеј кои не се вакцинирани против ковид 19. На ова предупредува премиерката на државата Нов Јужен Велс, Гладис Березкилијан.Березкилијан рече дека на луѓето кои одлучуваат да не се вакцинираат може да им се забрани пристап до продавници, ресторани и забавни објекти дури и откако државата ќе ги укине сите ограничувања.
-Многу компании најавија дека нема да прифатат никој што не е вакциниран. Животот на невакцинираните ќе биде многу тежок, на неодредено време, изјави Березкилијан за локалните вести денеска во 19 часот.
Слично
