Животот на најмладата милијардерка на светот: Зошто сите и се воодушевуваат?
Таа е скромна, не е „напумпана“ , извештачена и пластична-иако е најмладата милијардерка на светот. Сака животни, јавањето и е омилен спорт и има искрена долгогодишна врска.

Александра Андерсен е од Норвешка, а неа всушност семејното богатство ја направило најмлада милијардерка на светот.
Имено, нејзиното семејство е сопственик на познат бренд цигари, како и инвестициони компании, чиј е еден од сопствениците и оваа девојка на која и припаѓаат 42 отсто од компаниите.

Тој процент и обезбедил богатство од 1,1 милијарда долари.
А откако поради тоа стигна во интересот на јавноста, за неа пишувале сите светски медиуми.
Познато и е дека патувањата и се голема страст, а живее на пат, од Индија преку Грција,до родната Норвешка. Голем авантурист е , па кога се најде пред некој предизвик, храбро му се препушта.

Не и се непознати ниту екстремните спортови. Заљубена е , во врска со Јоаким Толефсен, кој во јавноста не го прикажува толку често.
Како ви изгледа животот на оваа мала богаташка? Да веруваме дека времето и парите нема да ја променат.

