ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА КАТАРСКИОТ ЕМИР: Се оженил со својата братучетка, има многудетно семејство
Во текот на Светското првенство во фудбал кое се одржа во Катар, очите на јавноста беа насочени кон катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани (42).
Ал Тани е четвртиот син на поранешниот катарски емир и неговата втора сопруга. Иако не бил прв во редот да го преземе престолот, поради своите способности, успеал да се избори за тоа место.
И претходно емирот се занимавал со политика, но не бил на високи функции, а се школувал во Велика Британија. Тој дипломирал на британската воена академија како еден од најдобрите студенти. Кога ја завршил академијата се вратил во Катар и служел војска.
Во 2005 година стапил во првиот брак со сопругата со која единствено се појавува во јавноста. Тамошните медиуми пишуваат дека тие двајца се братучеди, а имаат четири деца.
Во 2009 година стапил повторно во брак со ќерката на поранешниот амбасадор во Јордан. Таа му родила три ќерки и двајца синови. Третата сопруга му родила уште тројца синови и ќерка.