Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИВОПИСНИ МЕСТА ВО ИТАЛИЈА, ШПАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА ПЛАЌААТ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ НА НОВИ ЖИТЕЛИ: Дали би заминале таму?

ЖИВОПИСНИ МЕСТА ВО ИТАЛИЈА, ШПАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА  ПЛАЌААТ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ НА НОВИ ЖИТЕЛИ:  Дали би заминале таму?

На европско тло има места каде населението старее и властите бараат нови жители, за што нудат и парични стимулации. Еуроњуз направи список на населени места кои плаќаат на луѓето кои се преселиле кај нив. Некои од нив се навистина живописни или се лоцирани близу море. 

Селото Рубија во Галиција во Шпанија плаќа на експатриди (професионалци кои живеат и работат надвор од својата матична држава) по 150 евра месечно за да живеат во местото. Оваа програма е за семејства и целта е на овој начин да се зголеми бројот на ученици во локалните училишта. Рубија е лоцирана на северозападот на Шпанија, на околу 2,5 часа возење источно од Сантијаго де Компостела.

Албинен е село на Швајцарските Алпи и дом на помалку од 250 жители. За да го зголеми населението оваа мала општина нуди преку 50.000 евра на семејства кои би сакале да се преселат. Возрасните под 45 години добиваат 25.000 швајцарски франци за преселба во ова село и дополнителни 10.000 швајцарски франци по дете. Програмата е отворена за швајцарски државјани или за квалификувани странци кои живееле во Швајцарија доволно долго за да добијат Ц дозвола за престој. Кандидатите имаат обврска да живеат во дом кој ќе чини најмалку 200.000 швајцарски франци и мораат да се обврзат да живеат во местото најмалку 10 години.

Италијанскиот остров Сардинија дава по 15.000 евра на луѓе кои би се преселиле таму. Младите се иселуваат во странство, а Владата одвои 45 милиони евра за грантови за преселување, што се доволни за да исплата на 3.000 поединечни апликации.

Кандидатите мора да се преселат во некоја од општините во Сардинија каде живеат помалку од 3.000 луѓе. Парите мора да бидат искористени за купување или реновирање на куќа и тој не може да го надминува половина од целосниот износ платен за куќата или реновирањето. Тоа значи дека во одредени случаи ќе исплатат помалку од 15.000 евра. Оние кои ќе добијат парична помош за да се преселат, мора таму да живеат постојано и мора да се пријават за дозвола за постојан престој во Сардинија во следните 18 месеци од преселувањето.

Во југозападниот италијански регион Калабрија, преселба во село со помалку од 2.000 жители може да ви донесе парична помош до 28.000 евра. Оние кои се заинтересирани за аплицирање мора да имаат најмногу 40 години и мора да се подготвени да се преселат во регионот за 90 дена од поднесувањето на апликацијата. Тие  мора да почнат бизнис или да најдат работа.

Понга, гратче со 600 жители во северозападниот дел на Шпанија, плаќа на британските државјани по скоро 3.000 евра за да се преселат на ова место. Дополнителни 3.000 евра би следувале за секое дете кое ќе се роди во ова место. Градот се наоѓа на околу еден час возење од морето. За да ја добијат паричната награда, Британците мораат да се обврзат да живеат во Понга најмалку 5 години.

Презиче – Акварика е општина во јужниот италијански регион Апулија, кој плаќа на новите жители до 30.000 евра.  Локацијата е составена од две гратчиња – Презиче и Акварика дел Капо, опкружени со селски предели и маслинови дрвја. Локалните власти нудат плус 1.000 евра за секое бебе кое ќе се роди во местото.

Фото: Haadelbos / Википедија

Слично

Поврзани вести