Економија, финансии, бизнис

Контакт

Живее сиромашно, но има 102 деца - маж од Уганда ја раскажа својата приказна

Живее сиромашно, но има 102 деца - маж од Уганда ја раскажа својата приказна

Маж од Уганда има 102 деца и вели дека веќе не сака да го шири семејството. Неговото најстаро дете има 51 година, а најмалото само шест години.

Тој има 568 внуци и раскажува дека трошоците за живот многу му пораснале.  Муса Хасаја (67) од Лусака вели дека веќе не се во состојба да нахранат толку многу деца и внуци.

„Се женев 12 пати, никогаш не ми беше јасно како маж може да биде задоволен само со една жена“, вели Хасаја. 

Полигамијата е легална во Уганда, а сите негови сопруги живеат под ист покрив.

Две жени веќе го напуштиле човекот поради сиромаштија, а целата ситуација дополнително се влошила затоа што тој повеќе не може да работи поради здравствени проблеми, пишува Metro news.

Неговата најмлада сопруга Зулајка, која му родила 11 деца вели дека веќе имаат доволно.  Контрацептивните таблети се табу тема во Уганда. И претходно, во медиумите имало слични приказни за луѓе од различни делови на светот, со многудетни семејства, но Угандиецот е „рекордер“.

Слично

Поврзани вести