Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИВА И ЗДРАВА Е, СЛАВНАТА ТУРСКА АКТЕРКА ИМ ПОМАГА НА НАСТРДАНИТЕ: Џансу Дере е меѓу луѓето кои останаа без најблиските

ЖИВА И ЗДРАВА Е, СЛАВНАТА ТУРСКА АКТЕРКА ИМ ПОМАГА НА НАСТРДАНИТЕ: Џансу Дере е меѓу луѓето кои останаа без најблиските

Куќата на една од најплатените турски актерки, Џансу Дере се наоѓа во епицентарот на земјотресот, а тамошен новинар објавил дека таа последните денови им помага на своите сограѓани.

Откако многу светски медиуми објавија дека една од најпопуларните актерки Џансу Дере, која македонската јавност ја знае од сериите „Сулејман Величенствениот“ и „Езел“ исчезнала по разорните земјотреси, многумина почнале да ја бараат.

По неа се трагаше со денови и веќе се стравуваше дека можеби е под урнатините. Но, таа е жива и здрава и на социјалните мрежи веќе е објавено видео како им помага на нејзините сограѓани.

фото: Instagram/Print Screen

Џансу, заедно со некои други колеги, како што наведуваат медиумите во Турција заборави на славата и целосно се посвети на помагање на луѓето кои ги изгубија најблиските и кои сега немаат ништо.

ФОТО: EPA-EFE/Bart Maat

Слично

Поврзани вести