Жителка на Херсон: Некои луѓе не излегуваат за да избегнат средби со војници
Еден жител на Херсон за Си Ен Ен ја опиша ситуацијата како тензична, вели дека луѓето се емотивно исцрпени, а улиците по 12 часот се празни.
Често може да се видат руски војници како се шетаат во цивилна облека.
Градот, кој некогаш имал скоро 300.000 жители, сега е град на духови. Го напуштаат и членовите на семејството на до неодамна администрацијата на руските соработници.
Жена чиј идентитет не е соопштен од безбедносни причини вели дека не планира да замине.
„Искрено, вакво прашање ме лути. Ова е мојата земја, Херсон е мојот дом. Учествувавме на првите протести против окупаторите, се боревме колку што можевме. Борбата сѐ уште трае“, вели жената.
Некои луѓе не излегуваат за да избегнат средби со војници. Невозможно е да се опуштите, пишува Јутарњи лист.
Украина сака да ја врати контролата во овој регион. Регионот е од стратешко значење за текот на руската војна во Украина.Регионот Херсон се граничи со Крим и ѝ дава на Москва копнена врска со полуостровот на Црното Море, кој го зазеде од Киев во 2014 година. Ако Украина заземе значителен дел од регионот Херсон, Москва ќе биде лишена од овој копнен коридор. Тоа би ја доближило и украинската артилерија со долг дострел до Крим.
