Жителите на Шангај остануваат дома три дена поради коронавирусот
Рестриктивните мерки продолжуваат во кинескиот град Шангај, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Многу жители на Шангај, на кои пред една недела им беше дозволено да ги напуштат своите домови поради кратки прошетки или за купување на намирници, неодамна добија известување да останат дома во следните три дена.
Во Шангај, мерките за изолација се заoстрени. Тој е економски и трговски центар со околу 25 милиони жители, и се очекуваше до крајот на овој месец да се излезе од режимот на строг шестнеделен локдаун, пренесува „Ројтерс“.
Коронавирусот досега уби над 15 милиони луѓе во светот, а сега вирусот се појави во Северна Кореја, каде има најмалку 20 починати. Во светот сега има само две држави кои не пријавиле заразени со коронавирусот.
foto freepik.com
