Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жителите на Гренланд добија совет да се спремаат за воената инвазија

Жителите на Гренланд добија совет да се спремаат за воената инвазија

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, им порача на жителите да се подготват за воена инвазија поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го преземе островот.

Премиерот изјави дека „малку е веројатно дека ќе се случи воен конфликт, но не може да се исклучи“.

„Затоа мора да бидеме подготвени за сите можности, но да го нагласиме ова: Гренланд е дел од НАТО и, доколку дојде до ескалација, тоа би имало последици за остатокот од светот“, рече Нилсен.

Ова доаѓа откако Данска испрати војници во Кангерлусуак, каде што се наоѓа главниот меѓународен аеродром на Гренланд.

Американскиот претседател, Доналд Трамп тврдеше дека Русија и Кина претставуваат закана за националната безбедност од Арктикот, но и дека Данска не е во можност да го заштити Гренланд.

Трамп одби конкретно да одговори на прашањето колку далеку е подготвен да оди во намерата СAД да го преземат Гренланд, но рече дека ќе дознаат.

Европратениците на 20 јануари се согласија да го одложат ратификувањето на клучниот трговски договор со Соединетите Американски Држави по заканите на претседателот Доналд Трамп за нови царини поради Гренланд.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести