Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЈРУТ НЕМААТ МИР: Гори на пристаништето каде имаше експлозија

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЈРУТ НЕМААТ МИР: Гори на пристаништето каде имаше експлозија

Повторно има пожар во Бејрут, но не се знае што гори. 

Луѓето бегаат од градот. 

На пристаништето во градот избувна пожар по повеќе од еден месец од експлозијата во магацинот со амониум нитрат во кој загинаа 190 лице.

„Принуден сум да ги изнесам сопругата и двете деца од Бејрут поради чадот и пожарот што повторно избувна во пристаништето“, рече Мајед Хасанеин (49).

Голем црн облак од чад се издигнал во небото над либанскиот главен град. Засега е непознато што го предизвикало пожарот.

Либанската војска на Твитер, пишува дека пожарот избил во складиште за масло и гуми во бесцаринската зона на пристаништето. 

Пред повеќе од еден месец, во стравична експлозија на пристаништето во Бејрут, загинаа повеќе од 170 луѓе, а над 6.000 беа повредени.

Експлозијата се случи поради несоодветно чување на 2.750 тони амониум нитрат во бејрутското пристаниште шест години.

По овој настан, имаше немири, а падна и либанската влада. 

Oваа земја со години се соочува со низа проблеми, а граѓаните не се задоволни ниту од економската слика. 

Слично

Поврзани вести