Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жители на Киев: Ќе живееме без светлина, но не со Русите

Жители на Киев: Ќе живееме без светлина, но не со Русите

Ќе живееме без светлина, но не со Русите, велат жителите на Киев.

Нема светла, нема вода, нема начин да се готви храна. Дури и кога ќе се врати струјата, таа никогаш не е вклучена долго.

„Руските удари ја втурнуваат Украина во камено доба“, вели Анастасија Пироженко. 

Во последните 24-часа, нејзината 26-катница имала струја само половина час. Таа вели дека „воените услови за живот“ ги избркале неа и сопругот од нивниот стан.

„Нашата зграда е највисока во областа и е одлична цел за руските ракети, па затоа го напуштивме станот за да отидеме кај родители и се подготвуваме за најлошата зима во нашите животи“, рече 25-годишната Анастасија.

Во  украинската престолнина Киев, денеска започнаа вонредните исклучувања на електрична енергија, соопшти прес-службата на градското електростопанство. 

Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека дури 40 отсто од Украинците ги чувствуваат последиците од оштетување на најмалку 15 големи енергетски центри низ целата земја.

foto AP

Слично

Поврзани вести